October 30, 2020 11:47
Хроника

Вечерва дрвокрадци нападнале полицајци – петмина повредени, двајца се борат за живот

На социјалната мрежа Твитер се споделува информација дека 50-тина дрвокрадци во атарот на село Чашка,  Велешко, претепале четворица полициски службеници, од кои двајца се борат за живот.

МВР сè уште не соопштило официјални информации за настанот.

Инаку, пред 5 години, дрвокрадци од Пласница, со шипки, палки и боксови претепаа четворица полицајци од полициската станица во Македонски Брод.

П.С: ОБЈАВАТА Е ПРЕЗЕМАНА ОД ТВИТЕР НАЛОГОТ Нароз Волокин (@zorbital)