April 10, 2021 17:26
Македонија

Ветото може да ја чини земјата непотребно потрошеното време и евроскептицизам, но патот е тој, вели премиерот Заев

Најголемите ризици што може да ги донесе ветото од Бугарија за земјава е непотребно потрошеното време, како и евроскептицизам кај граѓаните, но патот е тој и ние продолжуваме со реформите, рече премиерот Зоран Заев.

-Ветото најголемите ризици што може да ги донесе е  потрошено непотребно време, нашата заедница, нашата земја изгуби толку драгоцено време со децении наназад преку нерешавање на билатералните спорови со соседите. Секако може да демотивира од поддршката на нашиот народ за полноправно членство во ЕУ, кое го посакуваме заради европските вредности европеизацијата дома, квалитетот на живот, европскиот стандард донесен дома. Тоа е она што е многу важно, нашиот пат е тој и ние продолжуваме со реформите и со сето она што е зацртано во поглавјата ние го работиме за да можеме да го антиципираме, да го искористиме тоа време додека не ги отвориме вистински самите поглавја. Иако знаеме дека не е тоа тоа, не е исто, вели Заев на новинарско прашање по обраќањето во село Стајковци по повод изградбата на нова спортска сала.

И затоа, додаде, овој период треба да го искористиме на адаптирање, усвојување и спроведување на Акцискиот план.

-Министрите за надворешни нека продолжат со Бугарија да креираат, да разменуваат искуства. Ако може да се реши пред изборите, супер. Но, реков, не верувам во очи избори дека е тоа возможно. Би бил многу радосен ако тоа се случи, но во најмала рака ќе ни помогне за веднаш после изборите да имаме посериозен исчекор во решението на овој проблем, истакна премиерот Зоран Заев. 

Watch Back Arrow Episode 3 at website https://animeplanet.cc anime planet fairy tail

I'm standing on 1,000,000 lives. (Dub) Episode 11 at ANIMEFLIX animeflix my hero academia heroes rising