June 28, 2022 15:38
Спорт

Вест Хем го запре Манчестер сити и му ги врати надежите на Ливерпул за шампионскиот трофеј

Вест Хем на домашен терен ремизираше со лидерот Манчестер сити (2:2) во 37. коло од англиската фудбалска Премиер лига и ја одложи промоцијата на шампиониот. „Граѓаните“ и покрај киксот имаат четири бода предност и меч повеќе од Ливерпул, па во последното коло ќе ја имаат меч-топка со Астон Вила пред своите гледачи за да ја одбранат титулата.

Голманот на  Вест Хем, Лукас Фабијански го запре Манчестер сити да победи, откако му одбрани пенал на Ријад Марез на четири минути пред крајот на мечот. Ливерпул задутре кај Саутемптон гостува и ќе мора да победи, па во последните 90 минути во сезонава повторно би се вратила шампионската неизвесност. Ливерпул ако победи во вторник ќе се надева на помош од својата легенда Стивен Џерард и Астон Вила барем со реми да го запрата Сити во одбраната на титулата. Ливерпул во последното коло игра против Вилверхемптон .

Вест Хем по првиот дел со Манчестер сити имаше водство од 2:0 со два гола на Џерод Боувен. Сити се врати во игра со гол на Џек Грилиш а израмни со автогол на Куфал. На крајот имаше и прилика за целосен резултатски пресврт, но Марез не искористи пенал.

Лидс се спаси од пораз со гол пред самиот крај со реми (1:1) против Брајтон и остана во трка за опстанокот во последното коло кога ќе се решава во трката со Барнли и Евертон. Вулверхемптон ремизираше 1:1 со Норич, како и Астон Вила со Кристал Палас, а Лестер го здроби Вотфорд со 5:1.

https://tai.go88.is/

không rút được tiền sunwin SUNWIN cổng game Đánh bài Nổ hũ Siêu Đỉnh hướng dẫn soi cầu tài xỉu sunwin