January 23, 2020 05:25
Спорт

Вестбрук и Харден не го спасија Хјустон од пораз на дуелот со Сакраменто

Сакраменто го победи Хјустон на гостински терен со 119:118 на дуелот одигран ноќеска. Ниту 34-те поени на Расел Вестбрук и дабл-дабл ефектот на Џејмс Харден (27 поени и 10 асистенции) не беа доволни „ракетите” да се спасат од пораз.

Резултати на натпреварите во НБА лигата играни ноќта меѓу понеделник и вторник:

Индијана – ЛА клиперс 99:110
Бостон – Кливленд 110:88
Чикаго – Торонто 92:93
Хјустон – Сакраменто 118:119
Милвоки – Орландо 110:101
Њу Орлеанс – Детроит 103:105
Феникс – Минесота 125:109
Јута – Оклахома 90:104
Голден Стејт – Мемфис 102:110.

Во досегашниот дел од сезоната екипи со најдобар биланс се Лос Анџелес лејкерс и Милвоки бакс со по 21 победа и само три порази.

Нови вести

Познати се сите полуфиналисти на ЕП во ракомет

Filip

Агентот на Бејл: Зошто еден од најдобрите играчи во светот би се согласил на изнајмување?

Filip

Ќе му плаќам на Кими да не си замине, се шегува Хамилтон

Filip