June 24, 2021 20:23
Свет

Вестагер: Прерано е за разговори за нов европски план за поттик

Европската унија мора да се посвети на постојниот пакет за обновување од пандемијата на коронавирусот вреден 750 милијарди евра, пред да смисли нови стимулации, изјави извршната потпретседателка на Европската комисија, Маргарет Вестагер.

-Премногу е рано да се размислува за тоа. Имаме многу работа да направиме во секој случај, ми се чини малку бизарно да зборуваме за нов план за поттик за кој не сме сигурни ни дека ни треба, изјави Вестагер за францускиот весник Les Echos .

Американскиот претседател Џо Бајден, во меѓувреме, предлага стимул за економијата од 4.000 милијарди долари, вклучувајќи и програми за реконструкција на инфраструктурата, грижа за децата и едукација. Неговиот предлог во Европа го покрена прашањето за тоа дали треба да се вложат повеќе пари во коронакризата, во стимулации за компаниите и инвестициски програми отколку што беше планирано во моментов.

Франција повика на поамбициозен план за економско закрепнување од усвоениот, иако се уште не се распределени 750 милијарди евра

Францускиот министер за европски прашања Клемент Бон неодамна изјави дека договорената сума треба да се удвои и во неделата додаде дека Европа треба да размисли повеќе да инвестира во областите како што е технологијата.

-Европа е во опасност да заостане во технологиите на иднината. Не би сакал да го пропуштиме американското забрзување. Потребен ни е европски план за инвестиции што ќе го надополни нашиот план за закрепнување, рече Бон.

AnimeFreak attack on titan animefreak: Kimetsu no Yaiba: Yuukaku-hen Episode Preview

4Anime persona 4 animation reddit: Watch Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town? Episode 7