July 23, 2021 22:18
Спорт

Веспрем му даде „шут“ карта на Дејвис

Поранешниот вардаров тренер Давид Дејвис доби отказ од тренерската позиција кај унгарскиот ракометен великан Веспрем. Причина за предвремениот раскин на договорот е раната елиминација во Лигата на шампионите и загубената шампионска титула во Унгарија. Веспрем по десетгодишна доминација во унгарскиот шампионат ја загуби финалната битка од разигрувањето со ПИК Сегед.

Дејвис три сезони беше дел од Веспрем, но по оваа разочарувачка сезона мора предвреме да си го спакува „куферот“ и да си замине иако сеуште имаше да одработува од договорот. Веспрем потроши многу пари за засилувања, дел од нив беа поранешни играчи на Вардар, но и покрај тоа ПИК Сегед успеа да прекине доминацијата на Веспрем и да ги растресе редовите на повеќкратниот првак каде покрај Дејвис неизвесна е и судбината на неговите соработници од стучниот штаб Ласло Наѓ и Арпад Штербик.

https://animedao.nl animedao official site. My Dear Marie (Dub) Episode 3

WCOStream Watch anime online, English anime online HD. Watch Yuusha Tokkyuu Might Gaine Episode 47

KissAnime - Watch Anime Online Free English Sub & Dub | Kiss Anime. Watch Doraemon Movie 30: Nobita no Ningyo Daikaisen Episode Full