August 15, 2022 21:53
Култура Магазин

Весна Ѓиновска-Илкова, Ѓорѓи Цуцковски и Кристина Светиева вечер на „Охридско лето”

Сопранот Весна Ѓиновска -Илкова и тенорот Ѓорѓи Цуцковски во пијано придружба на Кристина Светиева вечер ќе настапат во црквата „Света Софија” во рамките 62-то издание на фестивалот „Охридско лето”.

Весна Ѓиновска – Илкова дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на професорката Милка Ефтимова, а магистeрските студии ги завршила во Белград во класа на професорката Радмила Бакочевиќ. Во нејзината богата оперска продукција, остварила над дваесет насловни улоги. Дебитира како Микаела во „Кармен” со прославениот руски тенор Сергеј Дубровин во 1996 година, а меѓународното деби го има во Софија во улогата на Елизабета во „Дон Карло”, во рамки на меѓународниот натпревар „Борис Христов “, заедно со прославениот Никола Ѓузелев во 1998 година. За достигнувања во оперската уметност, Весна Гиновска – Илкова е добитник на наградата „13 Ноември”, која ја доделува градот Скопје, „Златна маска” во 2006 година како и „Златна лира” на Здружението на музички уметници во 2009 година. Во 2014 година ја добива наградата „Виртуози”, а во 2019 година e добитничка на високата државна награда „Св. Климент Охридски”. Од 2006 година, Весна Гиновска-Илкова предава соло-пеење на ФМУ- Скопје.

Тенорот Ѓорѓи Цуцковски дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје „Cum Laude” во класата на професор Билјана Јовановска, а специјализира оперско пеење во Виена кај професор Оливера Миљаковиќ . Магистрирал во 2019 година во класата на маестро Борис Трајанов на Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип. Во периодот од 2010 до 2014 година е претседател на управниот одбор на Националната опера и балет, како и уметнички директор во периодот од 2014-2018 и селектор на музичката програма на фестивалот „Охридско лето” во 2018 година. Како првенец во НОБ е носител на главните тенорски улоги кои се на нејзиниот репертоар. Цуцковски е солист-првенец на Националната опера и балет од 2007 година и професор на факултетот за Аудио – визуелна уметност – ЕСРА.

Кристина Светиева се истакнува како една од најталентираните македонски млади пијанистки и развива широка концертна дејност. Дипломирала во 2006 година (со „cum laude”) на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Т. Светиев, а магистрира во 2008 година(под менторство на проф. Жени Захариева. Во 2010 година ја завршила својата двегодишна специјализација на реномираната музичка академија во Париз „ Schola Cantorum” под менторство на професор Жени Захариева. Во април 2014 година докторира на Факултетот за музичка уметност – Скопје, под менторство на Жени Захариева. Носител е на повеќе високи државни и меѓународни награди и признанија. 

tải sunwin sunwin club sunwin apk

sunwin

tải sunwin apk sunwin club sunwin apk

sunwin

game sunwin sunwin tài xỉu sunwin web