June 18, 2019 17:41
Македонија

Весковски: Планината Жеден е природен филтер на водата што ја пијат скопјани

Водата која се пие во Скопје е една од најквалитените во светот и втора по квалитет во Европа. Ова се должи на геолошкиот состав на теренот низ кој водата поминува додека да дојде до изворот Рашче. Малку луѓе знаат дека водата која ја пијат граѓаните на Скопје е стара 30 години. Толку е потребно низ природните филтри водата од Шар Планина, по подземните патишта преку Полог и Жеден дојде до изворот Рашче и на тој начин се прочистува. Директорот на Јавното претпријатие Водовод и канализација Душко Весковски за 24 инфо вели дека Водата која се дистрибуира низ мрежата на ЈП Водовод и канализација – Скопје е хидрогеолошки феномен, кој е единствен во Европа. 

Статистичките податоци велат дека околу 5 милиони евра годишно Македонците трошат на увоз на вода за пиење. Потребо ли е ова ако се знае дека во најголем дел од водоводите водата може да се пие?

Секако дека не е потребно и имајки ги во предвид последните светски истражувања кои упатуваат на тоа дека во човековиот организам има се поголемо количество на пластика која дел доаѓа и од водата за пиење во пластични шишиња би сакале да истакнеме дека не само економскиот туку и здраствениот аспект е доведен во прашање. Ние можеме да дадеме информација за водата во Скопје, бидејќи за таа вода сме надлежни. Водата која се пие во Скопје е една од најквалитените во светот и втора по квалитет во Европа. Ова се должи на геолошкиот состав на теренот низ кој водата поминува додека да дојде до изворот Рашче. Водата која се дистрибуира низ мрежата на ЈП Водовод и канализација – Скопје е хидрогеолошки феномен, кој е единствен во Европа. Водата е идеално балансирана, никогаш незаматена и со константна температура. Планината Жеден е природен филтер на ресурсот. Сета вода од Шара и околните зони се филтрира низ овој масив.

Малку луѓе знаат дека водата која ја пијат граѓаните на Скопје е стара 30 години. Толку е потребно низ природните филтри водата од Шар Планина, по подземните патишта преку Полог и Жеден дојде до изворот Рашче и на тој начин се прочистува. Скопје и Виена се единствените градови во Европа кои го имаат овој геолошки феномен кој овозможува постојано снадбување со здрава и квалитетна вода за пиеење.

ЈП Водовод и канализација – Скопје го гарантира квалитетот на водата за пиење на граѓаните на град Скопје и го имаме еден од најдобрите извори во Европа, а тоа е изворот Рашче 1 и  Рашче 2.

Каква е состојбата со Рашче, уште колку години Скопјани не треба да се грижат за питка вода?

Жителите на Скопје можат да бидат спокојни и воопшто да не се загрижуваат бидејки вода има доволно, тоа се гледа најмногу и во летниот период кога има поголема потрошувачка на вода но никогаш нашите корисници не останале без вода за пиење заради намален капацитет на изворот.

 Едни од ретките градови во светот се каде водата за пиење се користи и за наводнување. Има ли некакви проекти да се воведе техничка вода и колку би чинело тоа?

Ние како претпријатие континуирано го нагласуваме фактот дека водата за пиење не треба да се користи за наводнување на зелени површини и рационално да се искористува. За жал имаме вакви случаи, најмногу во перифериите од градот, каде неконтролирано се троши питката вода, особено во летните месеци. Правиме контроли, составени од повеке тимови, одиме на терен и затекнуваме вакви ситуации, потоа за истите ги информираме надлежните служби и институции. Во минатото постоеле проекти за обезбедување на техничка вода за поголемите индустриски објекти во градот Скопје но со нивно затворање опаднал и интересот за овие проекти.

 Професорите на Факултетот за земјоделство и храна пред неколку години правеа истражување со кое се потврди дека во земјава има вода за пиење за секој жител на планетава за одреден период вклучувајќи ја овде водата од трите слатководни езера. Колку ви е познато истражувањето?

Ние не би можеле да говориме за водата во цела држава, бидејќи ние сме јавно препријатие кое оперира на територијата на градот Скопје. Порелевантен субјект кој би можел да ви каже попрецизни информации околу ова прашање е Водостопанство на Македонија.

Каков е квалитетот на водата, ќе се менуваат ли инсталациите на цевки наскоро?

Околу квалитетот на водата дел од одговорот се наоѓа во склоп на одговорот на првото прашање. Ние инсталациите ги менуваме континуирано, плански, секоја година, во сите општини и населби под наша надлежност. Водоводната, фекалната и атмосферската мрежа се обновува и се гради нова секоја година, таму каде што има проценка дека е најмногу потребно. Во исто време сите останати азбесни цевки ги менуваме со друг материјал и останати се уште само 8% азбесни цевки во Град Скопје од целокупната мрежа.

Се размислува ли субвенционирање на семејствата за вадење подземна вода со пумпи за да се намали потрошувачката на водата од Рашче? Следни проекти на Водовод?

Ние како ЈП сме задолжени за одржуање и обнова на постоечката водоводна мрежа на територијата на градот Скопје. Од тој аспект ние немаме надлежност како ЈП да правиме било какви други проекти кои не се во доменот на дејноста за која сме регистрирани. Во наредниот перод ќе следат проекти кои се основна дејност на претпријатието, а ќе бидат во насока на подобрување на водоводната и канализациона инфраструктура на територијата на градот Скопје, проекти кои ќе го олеснат пристапот на нашите корисници по електронски пат да ги обавуваат нивните потреби со што ке заштедуваат време и пари, проект кој ќе значи наш придонес во чување на животната средина и уште неколку проекти за кои навремено ќе ја известуваме јавноста.

Валентина Ангеловска

Фото:Слободан Ѓуриќ

Нови вести

Сијарто: Срамно е што ЕУ не донесе одлука за преговори денеска

Filip

Усвоени заклучоците за Македонија – ЕУ ќе се наврати на прашањето до октомври годинава

Filip

Лајчак за МИА: ЕУ мора да го исполни ветеното и оваа година да отвори ново поглавје во односите со Северна Македонија

Filip