August 19, 2019 10:21
Балкан

Весели ја потпиша одлуката за Статутот на Трепча, рудникот во стопроцетна сопственост на Косово

Претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели ја потпиша одлуката на законодавниот дом за Статутот на Трепча, со што овој рудник во иднина ќе биде акционерско друштво во стопроцентна сопственост на Република Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Изгласувањето пред неколку дена во Собранието на Косово на Статутот на рударскиот комбинат предизвика нов судир меѓу Приштина и Белград.

Претензии на сопственоста на комбинатот Трепча, кој се наоѓа на косовска територија, има и Србија, на што жестоко се спротивставуваат албанските фактори во Косово.

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, која е дел од тимот на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, која посредува во дијалогот меѓу Приштина и Белград, вчера изјави дека статусот на Трепча треба да се реши со финалниот договор меѓу Косово и Србија.

На ова остро реагираа косовските челници, порачувајќи дека Трепча е чисто внатрешно прашање на Косово и дека за тоа нема никаква причина зошто да се преговара со Србија.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека ставот на Коцијанчич во однос на Трепча е „јасен показател дека ЕУ се залага за поделба на Косово”, додека поранешната главна косовска преговарачка во дијалогот со Белград, Едита Тахири оцени дека сега е „јасно оти Могерини е во служба на Србија”.

– Трепча ниту била, ниту е, ниту пак ќе биде отворено прашање во дијалогот со Србија. Со овој јазик, ЕУ ги урива сите перспективи на дијалогот за добрососедство. Трепча е природно право на косовската држава, порача парламентарниот спикер Весели.

Остри реакции на ставот на Брисел во однос на Трепча изразија и бројни други претставнци на косовските институции и политички субјекти, како од власта, така и од опозицијата.

Коцијанчич денеска го промени ставот во однос на Трепча, изјавувајќи дека Брисел не ги одредува темите за кои Белград и Приштина преговараат, туку тие самите „ги ставаат на маса и одлучуваат за што сакаат, а за што не сакаат да разговараат”.

Нови вести

Мицотакис во посета на Париз и Берлин

zane

Инспектори од грчката УЈП се претставиле како шпански туристи за да откријат затајувач на данок на Миконос

zane

Александар Вучиќ во ненадејна посета на Њујорк, ќе се сретне со американскиот државен секретар

zane