February 28, 2020 08:59
Балкан

Весели без детали за сослушувањето во Специјалниот суд

Лидерот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели, не откри ниту по повеќе од три часа престој во Хашкиот специјален суд во кое својство бил сослушан, како осомничен или сведок.

Тој не изнесе ниту еден детал за тоа што се случувало во Специјалниот суд, објави Газета експрес.

Тој ја повтори својата вчерашна изјава за тешките 90-ти во Косово.