December 9, 2022 13:40
Свет

Вершињин: Отстранување на Русија од СБ на ОН е невозможно и опасно

Идејата на некои земји за исфрлање на Русија од Советот за безбедност на Обединетите нации е невозможна, изјави денеска на прес-конференција рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Вершињин, пренесува ТАСС.

– Иницијативата да се одземе членството на Русија во Советот за безбедност и Генералното собрание на ОН е нереална, рече Вершињин, додавајќи дека таквите „лошо обмислени” идеи најмногу ги застапува Украина.

Ваквата идеја тој ја оцени како „непромислена и опасна”.

На почетокот на годината, постојаниот претставник на Украина во ОН, Сергеј Кислица, побара Русија да биде исфрлена од Советот за безбедност на ОН, додека претседателот Володимир Зеленски, во обраќањето пред Генералното собрание на ОН минатиот месец, праша зошто Русија сè уште има правото на вето во Советот за безбедност. Тој оцени дека Русија со агресијата врз Украина ја прекршила Повелбата на ОН, а нејзиното присуство во Советот за безбедност ја изгубило правната основа.

Вашингтон и Брисел ја поддржуваат оваа иницијатива.