June 28, 2022 23:33
Спорт

Верстапен победник во Барселона-го искористи подарокот од Леклер

Актуелниот светски шампион во формула 1-шампионатот, Макс Верстапен (Ред Бул), победи на денешната трка за Големата награда на Шпанија што се возеше на патеката „Каталуња“ во Барселона, со што се искачи на врвот од табелата на најдобрите возачи во генерален пласман.

Холанѓанецот максимално го искористи подарокот од најголемиот ривал сезонава, Шарл Леклер од тимот на Ферари, кој тргна од првата стартна позиција и имаше удобно водство сѐ до 28 круг, кога мораше да се откаже поради механички проблеми на болидот.

Верстапен до триумфот дојде и покрај излетувањето на песокот, што што едвај се врати на патеката, нешто што му се случи и на Саинц, а во текот на трката остана и без ДРС-забрзувањето.

На подиумот се најдоа уште Перес, кој доби дополнителен поен поради што имаше најбрз круг и Расел, додека зад нив завршија Саинц и Хамилтон, кој до оваа позиција дојде откако претходно падна дури до 19. позиција по блиската средба Магнусен.

Најдобрите десет на трката во Барселона ги комплетираа Ботас, Окон, Норис, Алонсо и Цонуда.

Пилотот на Ред Бул ја запиша четвртата победа оваа сезона од вкупно извозени шест трки и тоа покажува дека актуелниот шампион во Формула 1 победува на трките секогаш кога истите ги завршува.

hack go88 go88 ơk go88 không the kết nối đến máy chủ

sunwin pro plus apk sunwin energy and infra pvt ltd sunwin pro plus ios