October 28, 2020 07:07
Спорт

Верстапен може да ги сруши рекордите на Хамилтон и Шумахер

Поранешниот австриски возач на Формула 1, Александар Вурц е убеден дека Макс Верстапен може да ги сруши рекордите на шесткратниот светски шампион Луис Хамилтон и седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер.

Луис веќе подобри многу рекорди на легендата Шумахер, а се чини дека на крајот од оваа сезона ќе го изедначи и по бројот на титулите.

Според Вурц, сепак, иднината е пред 22-годишниот Холанѓанец.

– Ако Верстапен добие шанса да се натпреварува во болид што е на исто ниво со оној на Хамилтон, убеден сум дека Макс ќе започне да освојува титули. Тој има само 22 години и ако Ред Бул се врати на нивото од пред неколку години или ако се пресели во друг победнички тим, Верстапен има години пред него да ги подобри рекордите на Хамилтон и Шумахер, прокоментира Алекс Вурц.