August 13, 2022 21:13
Спорт

Верстапен: За мене ова не е Формула 1!

По хаотичната трка во Саудиска Арабија и победата на Луис Хамилтон, сега водечкото дуо (Макс и Луис), влегуваат со изедначени бодови во последната трка сезонава.

Трката во Саудиска Арабија беше со многу перипетии, многу прекини, црвени знамиња, рестарти, претекнувања и спорни моменти, од кои на крајот профитираше Луис Хамилтон.

Познато е дека и на оваа трка Верстапен и Хамилтон имаа колезија, во моментот кога на Холанѓанецот му беше сугерирано да го пропушти Британецот напред, поради нелегално стекната позиција во претходните битки.

Па токму во тој момент се случи драматика, Верстапен забави, се обиде да го пропушти Хамилтон напред, кога британскиот возач веднаш се заби зад болидот на Макс и го оштети своето предно крило.

По тој инцидент Макс доби 5 секунди казна и беше претекнат од Хамилтон, а по трката истакна:

„Она што се случи денеска е неверојатно. Јас се обидувам да се тркам, но во денешно време во овој спорт, повеќе има казни отколку тркање. За мене, ова не е Формула1, но барем фановите уживаа“, порача Верстапен, алудирајки на казната од 5 секунди.