April 15, 2021 10:46
Спорт

(Видео) Верона и трет натпревар по ред не губи од Јувентус

Актуелниот италијански фудбалски првак Јувентус одигра изненадувачки реми (1:1) на гостувањето кај Верона во натпреаврот од 24. коло во Серија А. По овој кикс „старата дама“ заостанува седум бода зад лидерот Интер.

Двата погодоци на мечот во Верона беа постигнати во второто полувреме. Кристијано Роналдо му обезбеди водство на Јувентус, но Верона не се предаде и преку Барак во 77 минута постигна гол за нерешен исход на крајот од средбата (1:1).

Верона и во есенскиот дел одигра 1:1 со Јувентус во Торино, а пред една година, на свој терен со 2:1 го победи фаворитот, тоа се три дуели во низа на кои немаат пораз против најтрофејниот италијански тим.