June 26, 2022 15:30
Свет

Верешчук: Турција ќе посредува во преговорите за Азовстал

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук рече дека Турција се согласила да посредува во разговорите за евакуација на борците, главно тешко повредени, од фабриката Азовстал во Мариупол, а Киев би сакал да потпише документ за редоследот на оваа постапка.

Според Верешчук, Украина им доделила мандат за водење преговори за евакуација на претставниците на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) и Обединетите нации.

„Сакаме да се потпише документ: точно како ќе се случи евакуацијата од Азовстал и се подготвуваме да го потпишеме”, се вели во соопштението на Верешчук.

Таа додава дека на прво место се става „евакуацијата на тешко повредените” и дека Турција е подготвена да посредува во тие разговори.

На 16 април, портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјави дека „целата област на Мариупол била исчистена од украинската армија, странските платеници и од Азовскиот полк (чии борци се кривично гонети во Русија)”. Дел од украинската воена група се блокирани во фабриката за железо и челик Азовстал.

Go88 apk - Hệ thống game bài đổi thưởng uy tín go88 bịp go88 pro apk new

bắt sunwin sunwin pro tải sunwin1