December 4, 2019 23:13
Скопје

Велјановски: Започнавме со реконструкција и проширување на патот Хиподром-Илинден

Власта предводена од Социјалдемократскиот сојуз продолжува со исполнување и реализација на дадените ветувања. Со поддршка на Владата започнавме со реконструкција и проширување на патниот правец Хиподром – Илинден кој долги години беше оштетен и пред се небезбеден за учесниците во сообраќајот, изјави Александар Велјановски, претседател на ЛК СДММ, Гази Баба.

Транспарентно ги известуваме граѓаните дека овој сериозен проект чини 6 милиони денари, средства кои се обезбедени од Владата и општините Гази Баба и Илинден.

Овој значаен инфраструктурен проект го решава прашањето на безбедноста и квалитетното поврзување на овој дел од градот.

Проектот опфаќа целосна обнова на асфалтот како и проширување на патот за уште една коловозна лента во должина од 2 км

Дополнително, со поставувањето на тротоарски површини од 2000м квадратни овозможуваме целосна безбедност на пешаците од овој регион. Почитувани, работиме посветено и плански во решавањето на наследените инфраструктурни проблеми на нашите граѓани. Продолжуваме со исто темпо во создавањето и изградбата на безбедна патна инфраструктура.

За нас зборот важи и така ќе продолжиме и во иднина.

Нови вести

Учениците од ООУ „Рајко Жинзифов“ од населба Драчево го одбележаа Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Filip

Пуштени во употреба реновираните и модернизирани училници во градинките “Фидани” и “Снежана”

Filip

Обновени просториите на градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе

Igor