October 17, 2019 03:25
Скопје

Велосипедска трка под мотото ,,НИЕ ЗА НАС” порака за подобра иднина на младината и идните генерации

Дата: 10.10.2019 (четврток)
Место: Ул. Христо Батанџиев ( Игралиште Ѓорче Петров)
Почеток на велосипедската трка: 10:00 часо
т

Во пресрет на празникот 11 октомври, Денот на народното востание на Македонија и Денот на борецот, во насока на подигнување на свеста кај младите за важноста од водење здрав живот, спортување, грижа за животната средина и околината, како и културата на нашата земја, Општина Ѓорче Петров, организира манифестација и  велосипедска трка под мотото НИЕ ЗА НАС. На Велосипедската трка ќе учествуваа ученици од основните и средни училишта во општина Ѓорче Петров.

За подобра иднина за младите и идните генерации, потребно е да се почне од малите нешта, токму затоа манифестацијата НИЕ ЗА НАС, се организира пред големиот празник 11 октомври како симболка за поттикнување на добрите дела за силна, модерна и европска Македонија.

Манифестацијата ќе бидe придружена со организација на културен настан на играорци и  пејачи со почеток во 17:00 Ул. Христо Батанџиев ( Игралиште Ѓорче Петров) и ќе трае до 21:00 часот. Настанот е со поддршка на компаниите СТEП Маркет и Митковски ММ.

Нови вести

Изградбата на новиот паркинг во Ново Лисиче во завршна фаза

Valentina

Општина Бутел преку работилници за меѓуетнички соживот

Valentina

Жителите на Центар му ги предочија проблемите со кои се соочуваат на градоначалникот Богдановиќ

Valentina