July 23, 2019 13:59
Балкан

Велосипедот со кој поминаа 2.000 километри од Ирак, им го украдоа во Белград, сега мора да продолжат пеш

Двајца велосипедисти, членови на непрофитната организација „Степ ин“ на пат од Ирак на нивниот велосипед поминаа 2.000 километри. Во кампањата „Cyclingfortirairaq”, двајцата се возеат илјадници милји за да го привлечат вниманието на луѓето и да соберат помош за најзагрозените луѓе во Ирак. Тие пристигнаа во Србија, а потоа нивниот велосипед беше украден во Белград.

На својот профил на Фејсбук ја информираа јавноста за непријатноста што им се случи во главниот град на Србија.

The bicycle of #CyclingForIraq has been stolen. It happened in Belgrade (Serbia). We were sleeping in a motel, with the…

Posted by Cyclingforiraq on Недела, 07 јули 2019

„Нашиот велосипед е украден. Ова се случи во Белград. Спиевме во мотел, велосипедот беше заклучен, но во текот на ноќта некој ја пресече заштитата и го украде. Сè беше пријавено на полиција, но прашање е колку тие можат да сторат во овој случај“, напишаа тие.

Иако не можеа да го најдат велосипед, тие испратија директна порака до белграѓани дека ќе бидат благодарни ако им се врати за да го продолжат патот.

Двојката напиша и дека велосипедот не е нивен. Кражбата се случи во петокот, а по пет дена решија да ја напуштат Србија.

Нови вести

Дачиќ: Дијалогот по оставката на Харадинај е во кома

zane

Македонска државјанка приведена на косовската граница поради фалсификуван документ

zane

Јакуп Красниќи отпатува за Хаг

zane