June 26, 2022 16:39
Македонија

Велковски: Ние за граѓаните разговараме врз принципи, а не под уцени

„Да разговараме врз основа на принципи. На некој начин сака да се остави впечаток дека парламентот не функционира и да профитира од тоа. Работното место ни е во Собранието и таму треба да разговараме. Ние сме секогаш тука за дискусија, но вие предлагате само предвремени избори и поставувате услови за што да се разговара на средбите. Проблемите на граѓаните сега ги имаме и мораме да ги решаваме. ВМРО ДПМНЕ сака да престави дека само кај нас има проблеми со струјата, горивата, храната и друго.“- изјави пратеникот Диме Велковски, во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

„Блокадата не е решение и е контарпродуктивно. Ни претстои ребаланс на буџетот па ќе мораме заеднички да дискутираме и за тоа. Очекувам дека опозицијата ќе се повлече од блокадите. Имаме и други важни закони и мислам дека нема да го направат тоа од пред две години, пратениците на ВМРО ДПМНЕ не влегоа во сала оти мислеа нема мнозинство. Граѓаните ќе го ценат тоа. Опозицијата во време на пандемијата блокираше закони од пакетите со мерки кои директно се однесуваа на граѓаните “- дополни Велковски.

https://go88.gg/

sunwin energy srl SunWin - Game đổi thưởng hấp dẫn uy tín hàng đầu bắt cầu sunwin