March 7, 2021 18:26
Македонија

Велковски: Исчезнувањето на подземните води на Балканот ќе предизвика отворање нови дупки во почвата по земјотресите

Климатските промени на европскиот континент, особено на Балканот предизвикуваат исчезнување на подземните води, што е еден од факторите да се појават дупки во земјата какви се отворија по земјотресите во Хрватска, што се феномен кој не е непознат, но загрижува нивниот голем број, вели Стојан Велковски, д-р по геопатологија, основач на истражувачкиот центар ,,Сончев Зрак” и академик на Бугарската академија на науки и уметности.

Тој во разговор за 24 Инфо вели дека е потребно да се направат подетални геолошки анализи, особено на трусни подрачја какво е нашето, за да може навремено да се детектираат евентуално загрозени објекти од потонување.

По серијата разорни земјотреси кои ја погодија областа Бановина во Хрватска се појавија 80-ина дупки во земјата кои се шират со секој нов земјотрес. Експертите предупредуваат дека е опасно да се пристапи до нив сè додека не се дознае кога ќе престане нивното ширење.

-Тоа е познат геолошки феномен кои настанува од неколку причини, најчесто како последица од земјотреси. Во хрватскиот проблем сметам дека станува збор за геолошки ерозии кои се настанати пред милиони години од подземни води со кои биле исполнети тие шуплини со вода. Во исто време фактор за ваквата појава се и климатски промени на европскиот континет, особено на Балканот, каде водата е се повеќе недостаток и подземните води се повеќе исчезнуваат, предупредува Велковски.

 

Според него, структурата на почвата е еден од факторите за ваквите појави и напоменува дека е потребно итно да се направат подлабоки геолошки анализи.

-Ваквите дупки најчесто се појавуваат ако погорните слоеви на почвата се од растресита структура, од глиновити, песочливи глинци кои можат лесно да се сронат и потонат и да се отворат цели кратери. Треба да се направат подетални анализи и да се види дали некој објект е загрозен од потонување, вели Велковски.

 

Тој се осврна и на нашата земја и на влијанието на подземните води, а особено тоа се однесува на Скопје, кое лежи на многу раседи и пукнатини, со напомена дека Скопје е многу болен град.

– Скопје е многу болен град. Имаме голема бројка на заболени од канцер и малигни заболувања. Скопје лежи на мноштво геопатолошки промени, геопатогени полиња, раседи и пукнатини. Тврдам дека над 90 проценти канцерот е резултат на спиењето на болните односно на поставеноста на лежаите на болните лица, односно спиење над подземни и космички зрачења, вели Велковски.

Tоj заедно со институтот ГАПЕ од Скопје направиле истражување на 8 илјади крупен добиток и 20 илјади испитаници и нашле решение, односно трансформери на зрачења.

-Ние сме во можност да извршиме промена на електричната компонента во нискофрекфентна магнетна компонента и да се доведе просторот во една нормална состојба односно состојба на ниво на клетка, каде што клетките би функционирале без никакви оптеретувања. Со трансформирање на полето со трансформери, ги имаме во неколку форми, со поставување на трансформер се јавува промена на полето од електрична во магнетна. За 73 проценти се намали смртноста од бронхопневмонија во фармите со поставување на овие трансформери, вели Велковски.

Истражувачкиот центар ,,Сончев зрак” е единствен на Балканот кој професионално се занимава со проблематиката на геопатологијата и космопатологијата и нуди заштита од електромагнетни зрачења.

-Сончев Зрак нуди соодветни технички методи за заштита на објектите од геопатологијата и космопатологијата. Во 2009 година за прв пат се успеа, геобиолошките мерења, во чиј состав влегуваат и радиестезиските детекции, да се  постават на собраниска расправа за примена во законот за градење.

Ние сме во можност, на објекти во градба, да направиме мерење на самата основа на зградата и да се препорачаат соодветни технички технолошки методи за да се заштити одбјектот од геопатологијата и космопатологијата, вели Велковски.

Стефан Крстески

Поврзани вести

333 нови случаи на коронавирус, починаа 10 лица

Igor

(Видео) Скопјанец сакал да прошверцува пола тон марухуана скриена во камион со отпадна хартија

Igor

Мицкоски од Инфективо до Заев: Единствен начин да се спасите од мене е да не се разбудам утре

Igor

Watch King's Raid: Ishi wo Tsugumono-tachi Episode 2 (https://crunchyrollfree.com/m/nk5K/ep-2) at website https://crunchyrollfree.com crunchyroll trial 30 day

Jujutsu Kaisen (TV) (https://funimationfree.com/m/YXDd) Episode 18 at website https://funimationfree.com funimation hunter x hunter