September 28, 2020 04:50
Свет

Велика Британија сака пријателски односи со ЕУ по Брегзит

Велика Британија сака идните односи со Европската унија да се темелат на пријателска соработка, изјави денеска портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон, цитиран од британските медиуми.

Тој ова го кажа во одговорот за  извештајот во кој пишува дека Велика Британија може да биде казнета доколку ги наруши условите на идниот трговски договор со ЕУ, пренесе БТА.

Претходно весникот „Фајненшел тајмс” напиша дека плановите што вчера беа претставени од Европската комисија, наведуваат на помислата дека Велика Британија може да биде казнета или да го загуби својот преференцијален пристап до пазарот на ЕУ доколку ги наруши условите на идниот договор за билатералните односи.
Портпаролот на британскиот премиер, исто така, кажа дека владата ќе се обиде да отфрли секакви промени, што ќе ги внесе во договорот за развод со ЕУ пред Домот на лордовите, Горниот дом на парламентот.