November 24, 2020 20:55
Свет

Велика Британија почна контроверзно испитување: За тестирање на вакцината, волонтерите ќе треба да се заразат со корона

Тестирањето на вакцините врз луѓе во борбата против Ковид-19, каде волонтерите намерно би се заразиле со коронавирус, наскоро би можело да стане реалност, откако британската фармацевтска компанија hVIVO денес потпиша договор со владата за создавање и обезбедување на мали количини на вирус за таа намена.

Прелиминарната работа на тестовите, чија цел е да се забрза ефикасноста на вакцината, е направена во лабораторијата на фармацевтската компанија.

Поддржувачите на овој потфат велат дека ова е добар начин да се скрати вообичаено долгиот процес на правење ефективни вакцини, што мора да помине низ десетици илјади волонтери, објави „Ројтерс“.

Во овој случај, волонтерите се следат секојдневно и се вршат тестови за да се види дали имаат развиено отпорност на коронавирусот или се’ уште се подложни.

Овој пат, на волонтерите ќе им се даде вакцина во строго контролирани услови, а потоа намерно ќе бидат заразени со коронавирусот за еден месец.

Потоа, тие ќе бидат во изолација и внимателно ќе се следи нивната здравствена состојба, со цел да се види дали ќе стекнат отпорност или ќе се разболат.

Критичарите велат дека е неетички намерно да се заразува некој со потенцијално смртоносно заболување во време кога нема лек.