Свет

Велика Британија потпишува нов безбедносен договор со Шведска и Финска

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека договорил нови безбедносни договори со Шведска и Финска, ветувајќи дека Британија ќе ги поддржи воените сили на двете земји доколку бидат нападнати.

Џонсон ќе ги потпише новите декларации, кои Велика Британија ги опишува како „важна промена во одбранбената и безбедносната соработка”, за време на денешните посети на Шведска и Финска.

„Ние сме непоколебливи и недвосмислени во нашата поддршка за Шведска и Финска, а потпишувањето на овие безбедносни декларации е симбол на вечната доверба меѓу нашите нации”, наведува Џонсон во изјавата.

„Премиерот ќе ја каже намерата на Велика Британија да ги поддржи вооружените сили на двете земји во случај на криза или напад”, се вели во соопштението на британската влада.

Се очекува Шведска и Финска да се приклучат на НАТО пред се поради руската инвазија на Украина. Тие, сепак, стравуваат дека ќе бидат ранливи за време на процесот на пристапување, што може да потрае и до една година. И САД и Германија изразија поддршка за Шведска.

Според британската влада, новите договори ќе ја подобрат размената на разузнавачки информации и ќе ја забрзаат заедничката воена обука, вежби и мисии.

GogoAnime | Watch Anime Online - Gogo Anime Real. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

watch subbed anime GoGoAnime Tokyo Ghoul

Tokyo Ghoul Episode 11

watch anime online My Hero Academia Season 5 (Dub)

JUJUTSU KAISEN (Dub) Episode 17

dubbed anime BANANA FISH