April 21, 2021 01:50
Македонија

Велес, Кавадарци, Неготино и Повардарието се потпишуваа против пописот

Граѓаните на Велес, Кавадарци, Неготино и Повардарието денеска излегоа во масовен број против фалсификат попис. Граѓаните кажаа не за насилието на Заев, кој пописот како статистичка операција сака да направи политичка операција заради пазарот за коалиција се вели во реакцијата од опозициската ВМРО ДПМНЕ за денешните свои активности.

-Граѓаните не се предмет за пазарење, а неговите коалициски ветувања Заев може да ги подмири од нешто што е негово, а не со пописот, кој треба да даде јасна слика за бројот на луѓе во државата, значајни податоци за нивното образование, занимање, како и населеноста итн.

Пописот и е насушно потребен на државата, но реален, а не фингиран.

Лидерот на партијата Христијан Мицкоски објави дека се собрани 25 илјади потписи за неколку часа, во над 300 локации во земјава.