October 27, 2020 20:19
Спорт

Вајда не го напушата Ѓоковиќ додека не ги надмине сите тениски рекорди

Тренерот Марјан Вајда, во интервју за „Вечерње новости“ открил уште колку долго ќе соработува со првиот светски тениски рекет Србинот Новак Ѓоковиќ. Словакот Вајда неодамна стана дедо, има и други обврски, но не размислува да ја прекине соработката со Ѓоковиќ.

-Се надевам дека ќе бидеме заедно се додека не ги надмине сите тениски рекорди. Ајде за почеток да освоиме повеќе од 20 гренд слем трофеи, изјавил Вајда.

Ѓоковиќ е трет на вечната листа со освоени 17 гренд слем титули, три помалку од Рафел Надал и Роџер Федерер.