July 23, 2021 22:16
Свет

Вашингтон планира да евакуира илјадници Авганистанци, кои им помагале во војната

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден планира да евакуира десетици илјади авганистански преведувачи и други лица кои работеле со американските сили за време на војната, додека се разгледуваат нивните апликации за влез во САД, пренесе сајтот „A News”.

Висок службеник на администрацијата изјави дека во последните денови е забрзана работата за преместување на Авганистанците и нивните семејства кои им помагале на Американците за време на речиси 20-годишната војна. Планирано е тие да бидат преместени во други земји или во САД.

-Администрацијата планира евакуацијата да ја изврши подоцна летово, најверојатно во август, изјави официјален претставник запознат со темата.

Извори на агенцијата прецизираат дека нема договорена држава или држави за планираното привремено преместување. Меѓутоа, евакуацијата на Авганистанците во САД е тешка постапка, бидејќи може да се покаже дека овие апликанти за виза може да имаат повеќе права отколку веќе претходно проверените апликанти.

-Администрацијата почна да го исцртува кругот на преведувачи кои треба да бидат преместени надвор од Авганистан пред САД да го завршат повлекувањето до 11 септември, изјави висок службеник на администрацијата.

Овие лица веќе почнаа постапка за аплицирање за специјални имигрантски визи достапни за Авганистанците кои работеле со САД. Напорите за нивно преместување ќе бидат во согласност со законодавството на САД и ќе бидат координирани со Конгресот.

Белата куќа планира различни сценарија, вклучувајќи и „дополнителни опции за преместување или евакуација” доколку се покаже за потребно.

Силите на САД и НАТО мора до 11 септември трајно да се повлечат од Авганистан. Во врска со ова, администрацијата на Бајден се соочува со зголемен притисок од законодавците, ветераните и другите да евакуираат илјадници Авганистанци кои работеле како преведувачи или на друг начин им помагале на американските воени операции таму во последните две децении.

-Имаме морална обврска да ги заштитиме нашите храбри сојузници кои ги ставаа своите животи во опасност за нас и веќе со месеци работиме да ја ангажираме администрацијата и да се осигураме дека постои план со малку конкретни резултати, изјави републиканецот Питер Мејер.

Генералот Марк Мили кажа дека „значителен” број на локални преведувачи и други соработници на САД и авганистанските сојузници може да бидат мета на талибанците.

-Признаваме дека има голем број Авганистанци кои ги поддржаа САД и коалицијата и дека тие можат да бидат изложени на ризик, рече генералот Мили.

Околу 18.000 Авганистанци аплицирале за имиграциски визи во САД според оваа специјална програма.

https://animeflix.nl animeflix howls moving castle. UFO Princess Valkyrie: Shichiten Battou Hanayome Shuugyou (Dub) (https://animeflix.nl/m/yYYk) Episode Full

KissAnime - Watch Anime Online Free English Sub & Dub | Kiss Anime. Watch KochinPa! Episode 12

AniWatch Watch anime online, English anime online HD. Mobile Suit Gundam: Iron-Blooded Orphans (Dub) (https://aniwatch.pro/m/m8r3) Episode 25

KissAnime Wishlistr: https://www.wishlistr.com/profile/kissanimemx