September 26, 2022 18:45
Свет

Ватроломеј: Патријархот Кирил треба да му се спротивстави на Путин

Вселенскиот патријарх Вартоломеј денеска изјави дека Руската православна црква ги предала отците на православната црква поддржувајќи го нападот врз Украина.

Рускиот патријарх Кирил ја поддржа акцијата во Москва и неговата позиција се прошири низ Православната Црква.

Светскиот совет на црквите побара од патријархот Кирил да „интервенира и посредува“ за запирање на војната, објави „Ројтерс“.

Во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ, Ватроломеи рече дека очекува Кирил да се спротивстави на одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја нападне Украина и да поднесе оставка, доколку е потребно.

„ Не е невозможно сите цркви да не го осудуваат насилството, војната. Руската црква нѐ разочара. Не сакав Руската црква и братот патријарх Кирил да бидат овој трагичен исклучок. Не знам како може да се оправда пред својата совест“, рече Вартоломеј.

Тој додаде дека очекува Кирил да застане во клучниот, историски момент и ако треба да ја жртвува својата позиција, па да му каже на Путин „Господине претседателе, не се согласувам со вас, поднесувам оставка“.