August 14, 2022 20:44
Балкан Свет

Вархеји смета дека одлука на Борисов е „историска“ за Европа и Македонија

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји му се заблагодари на лидерот на бугарската опозиција, поранешниот премиер Бојко Борисов што прифатил неговата партија ГЕРБ да го поддржи францускиот предлог во Парламентот, за Македонија да ги почне пристапните преговори со ЕУ.

-Му благодариме на лидерот на опозициската ГЕРБ Бојко Борисов за историската одлука за Европа и за Македонија да прифати преговори базирани на францускиот предлог, дозволувајќи да се отворат пристапните преговори со Македонија. Очекуваме владата да ги достави неопходните предлози до парламентот денеска за да може Европа да оди напред, објави Вархеји на Твитер.

Борисов се произнесе дека ГЕРБ ќе даде „зелено светло“ за почеток на пристапни преговори на ЕУ со Македонија и Албанија ако има предлог од бугарската влада во бугарскиот парламент.

-Францускиот предлог за Северна Македонија и е многу добар. Му верувам на претседателот Макрон и на ЕУ, кажа Борисов.

Поранешниот бугарски премиер рече дека разговарал со своите колеги пратеници и им сугерирал да го поддржат предлогот за кревање на ветото.