April 15, 2021 00:04
Спорт

Вардар со два порази од Веспрем се прости сезонава од Лигата на шампионите 

Ракометарите на Вардар 1961 го завршија настапот сезонава во Лигата на шампиони (ЛШ), со два порази од унгарскиот Веспрем во осминафиналето. Вечерва македонскиот првак и двократен европски шампиона Вардар на гостувањето кај Веспрем се избори за подостоен пораз (39:30) за разлика од оној во Скопје кој го загубија со 14 гола разлика и беше решен патникот во четвртфиналето.  Унгарскиот тим рутински ја комплетираше задачата по минатонеделниот убедлив триумф во Скопје од 41:27 не дозволувајќи му на актуелниот македонски првак ниту најмала шанса за евентуална сензација. 

Ракометарите на Веспрем за противник во четвртфиналето ќе го имаат француски Нант во чиј редови настапува македонскиот капитен и селектор Кирил Лазаров.

WCOStream animes online: Watch Fire Force Season 2 Episode 20

KissAnime kissanime free: Watch The Misfit of Demon King Academy (Dub) Episode 4