June 26, 2022 22:03
Спорт

Вардар потпиша договор и со Португалецот Дуарте

За новата сезона македонскиот машки ракометен првак Вардар веќе обезбеди и трето засилување. По Црногорецот Божо Анџелиќ и Словенецот  Нејц Цехте, „црвено-црните“ завршија работа и со португалскиот интернационалец Жилберто Дуарте. Тој игра на позицијата лев бек, а доаѓа од екипата на Монпелје од Франција.

Дуарте (197 см. 31 год.) е првиот Португалец што ќе настапува за Вардар. Со Монпелје играше сезонава во Лигата на шампионите и постигна 24 гола. Претходно има настапувано и за екипите на Порто (Португалија), Висла Плоцк (Полска) и Барселона (Шпанија).

Дуарте има 91 настап за репрезентацијата на Португалија и постигнато 283 гола. Сезонава во францускиот шампионат постигна 34 погодоци, а лани постигна 50 гола.

 

go find 50 numbers go88 https //go88. vin GO88 - Game bài đổi thưởng uy tín | Link tải game IOS

sunwin android làm đại lý sunwin sunwin bản web