October 13, 2019 17:00
Спорт

Вардар победник, Дибиров со критика до публиката

Вардар по освојувањето на Супер купот на Македонија, вечерва ја продолжи победничката низа откако во рамки на 2. коло од групната фаза на ЛШ во првиот домашен натпревар од ова натпреварување славеше над Порто.

Левото крило Тимур Дибиров кој во отсуство на повредениот Стоилов е капитен на екипата вечерва повторно беше на ниво на задачата со пет погодоци.

„Убаво е што игравме на наш, домашен терен, но да бидам искрен мислев дека салата ќе биде поисполнета. Еве, можеби причина е и тоа што дуелот се играше в недела. Сепак кога беше потребно и важно, публиката ни даде поддршка. Секогаш е посебно кога се игра првиот натпревар од сезоната дома. Можеби малку и нервозно го почнавме мечот поради тоа, но потоа се консолидиравме и победивме. Знаеме да се носиме со притисокот во текот на мечот“, истакна Дибиров.

Следниот предизвик на „црвено-црните“ во ЛШ е мечот на гости кај Мотор Запорожје кој на програмата е на 28 септември.

Нови вести

Буфон ги повика навивачите на Јувентус да покажат почит кон Конте

Filip

Заврши ИТТФ турнирот во пинг понг Скопје 2019

Filip

Верстапен кон Леклер: Возиш неодговорно!

Filip