February 17, 2019 11:34
Ракомет

Вардар не му даде шанса на Рајн-Некар Левен!

Вардар ја забележа својата седма победа во 11-то коло на ракометната Лига на шампиони, не дозволувајќи Рајн-Некар Левен да направи кам-бек во второто полувреме и отворајќи го вториот дел од ЛШ со 30:27 триумф.

Стартот на мечот беше во знакот на „црвено-црните“, кои играа сигурно во нападот, а на голот го имаа фантастичниот Дејан Милосављев, кој ги сопре сите обиди на германскиот клуб да се врати во игра.

Во текот на првото полувреме, предноста на поранешниот европски шампион стигна и до седум голови (16:9), пред домашниот тим со мини-серија да врати на полувреме за подносливи четири разлика (16:12).

Селекцијата на Гарсија Парондо ја оддржуваше оваа предност и во второто полувреме, иако Германците стигнаа до -4 во последните десет минути, сепак немаше драматична завршница, туку само рутинско потврдување на доминацијата.

Тимур Дибиров блескаше со седум голови, по шест имаа капитенот Стојанче Стоилов и Игор Карачиќ, додека на голот Миловсављев имаше 10 одбрани. Кај РНЛ, Шмид и Колбахер имаа по осум гола.

Со победата, Вардар останува на второто место во групата А со 15 поени, три помалку од Барселона, пред домашната пресметка со Веспрем за десет дена. РНЛ се на третото место со 12 поени.

Related posts

Македонија го освои ЕХФ-шампионатот

24info

Македонија 29-28 Црна Гора !

24news

ЕП – Хрватска 2018: Македонија против Словенија

24news