Пред самиот старт на ракометното Светско првенство од Хрватска пристогна информација дека репрезентативното крило на „коцкестите“ Иван Чупиќ ќе го заврши петгодишниот престојот во „црвено-црниот“ табор и ќе се врати во редовите на Загреб. Вардар е принуден да побараат нов играч на десната крилна позиција.
Во потрагата по наследник на Чупиќ изборот паднал на српскиот репрезентативец и некогашен член на Металург, Дарко Ѓукиќ, кој веќе ја договорил преселбата во Скопје по завршувањето на сезонава.
Ѓукиќ добро е запознаен со мак-ракометот, со оглед на тоа дека беше дел од екипата на Металург една сезона, а во својата кариера настапувал и за Железничар Ниш, Бешикташ, Кјелце, Мешков Брест и Спортинг Лисабон.