April 20, 2021 23:53
Спорт

Вардар има прилика да му го предаде „фенерот“ на Елверум

Македонскиот ракометен првак Вардар по неделното реми со норвешкиот Елверум на првиот дуел од двомечеот во групата А од Лигата на шампионите (34:34) вечерва (18.45 ч.) на истото место  со истиот противник во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје ќе има шанса за поправен.

Откако е симната дилемата дека сите екипи од двете групи во ЛШ ќе бидат вклучени во нокаут фазата од елитното клупско натпреаврување поради проблемните кои ги направи пандемијата од коронавирусот со редовното одигрување на мечевите, Вардар сега ќе се обиде да собере што повеќе бодови за да ја избегне последната позиција и потешкиот ривал во разигрувањето од другата група. Вардар има само една победа и два нерешни исходи (четири бода) од девет натпревари и е последнопласиран во групата, а шанса да го  предаде „фенерот“ е токму вечерашниот дуел со Елверум кој има бод повеќе (пет) од „црвено-црните“, но и натпреавр повеќе. Со триумф Вардар ќе го прескокне гостинот од Норвешка кој двете средби ги игра во Скопје.

И за вечерашнит дуел тренерот на Вардар, Стевче Алушовски нема да може да смета на повредениот голман Борко Ристовски и на Ловро Јотиќ.

 

AnimeHeaven anime sites: Black Clover (Dub) (https://animeheaven.pro/m/jPaX) Episode 149

AnimeTV animetv boruto: JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable (https://animetv.cc/m/q2e) Episode 39