Македонскиот ракометен машки првак Вардар утре почнува со обврските од продолжението на сезоната во регионалната СЕХА лига. Како домаќин во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува тимот на Војводина (17:45 часот).
Тренерот на „црвено-црните“ Стевче Алушовски нема на располагање комплетн тим, но и покрај тоа смета дека фаворитската улога е на нивна страна.
-И натаму остануваме некомплетни. Играчите со репрезентативни обврски се надвор од стројот.
Правиме сè што можеме за да се подготвиме за дуелот со Војводина. Се работи за квалитетна
екипа составена од млади играчи, кои што многу трчаат. Можев да ги гледам на последниот дуел
против Кикинда. Играат брз и модерен ракомет, со цврста одбрана и добра транзиција. Очекувам од
наша страна да одиграме сериозно. Секогаш кога Вардар игра дома се труди да ја има фаворитската
улога на своја страна. Така ќе биде и на овој натпревар, без разлика што сме некомплетни. Со еден
комплетен тренинг ќе одиграме коректен натпревар кој ќе биде добра подготовка за она што следува во наредниот период, порача Алушовски во пресрет на утрешниот натпреавр.