December 12, 2019 02:01
Спорт

Вардар во второто полувреме го скрши отпорот на Порто

Ракометарите на Вардар забележаа победа со 32:27 над Порто на првиот натпревар на домашен терен во Лигата на шампионите во сезоната во која го бранат трофејот.

„Црвено-црните” попладнево до бодовите стигнаа со подобра игра во второто полувреме, откако португалскиот шампион се покажа како цврст ривал и го доби првиот дел со 16:14. Во два наврата Португалците имаа и „плус 4″ (14:10 и 15:11).

По серијата од 3:0 на почетокот на вториот дел, вардарци го преземаа водството, а набргу потоа и покажаа дека немаат намера да дозволат изненаудвање. Порто се обиде со игра „седум на шест” на која домаќините беа подготвени и со неколку голови од својата половина во 45. минута дојдоа до 27:20. До крајот гостите успеаја само да ја намалат разликата, но не и да ја загрозат победата на Вардар.

Најефикасни во победничката екипа со по седум голови беа Иван Чупиќ и Даинис Криштопанс.

За Вардар ова е втора победа во вториот настап од Б-групата во Лигата на шампионите оваа сезона, додека Порто остана на една победа, остварена во првото коло.

Нови вести

(Видео) Хамилтон ја испроба Јамахата на Роси, Докторот го возеше Мерцедесот

Igor

Адеми со забелешки за судењето во поразот од Сити

Igor

Веспрем му се реваншира на Еурофарм за поразот во Битола

Igor