October 15, 2019 23:48
Свет

Варга: Сослушувањето во ЕУ е одмаздничка кампања на промигрантските сили

Унгарската министерка за правда, Џудит Варга, изјави синоќа дека министерското сослушување во ЕУ во истрагата за Унгарија во Брисел е уште една фаза во „одмазничката кампања на промигрантските сили”.

Таа додаде дека Унгарија веќе една година е цел на „лов на вештерки” заради инсистирањето за одбивање мигранти.

-Унгарската Влада направи голем чекор напред во одбрана на земјата, изјави Варга.

Таа наведе дека унгарската делегација на синоќешното сослушување ги отфрли сите обвинувања и лажни тврдења.

-Ги разјаснивме сите правни прашања. Ги отфрливме двојните стандарди и уште еднаш го свртевме вниманието на фактот дека резолуцијата која се подготвува само по себе претставува кршење  на владеењето на правото, истакна Варга.

Министрите на Европската унија вчера го критикуваа унгарскиот премиер Виктор Орбан заради проширувањето на рестрикциите кон медиумите, судиите, професорите, малцинствата и групите за заштита на човековите права, што е причина за загриженост заради слабеењето на демократијата во Унгарија.

Една годиона откако Европскиот Парламент соопшти дека потезите на Орбан носат „јасен ризик од сериозно крешење на суштинските вредности на ЕУ”, министрите во Брисел го оддржаа првото официјално сослушување за Унгарија.

Нови вести

Лекари без граници се повлекуваат од Сирија

Igor

ЕУ: Ирското Море ќе биде граница после Брегзит

Igor

Протест на Каталонците во Брисел, протестираше и Пучдемон

Igor