November 12, 2019 02:16
Балкан

Варвициотис – Метелко-Згомбиќ: Поддршка за ЕУ перспективата на Западен Балкан

Проширувањето на Европската унија во пресрет на хрватското претседателство со ЕУ од 1 јануари 2020 година беше една од темите за кои разговараа алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтидис Варвициотис со министерката за европски прашања на Хрватска Андреја Метелко-Згомбиќ на нивната денешна средба во грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.

-Наш заеднички интерес и заеднички став е дека Југоисточна Европа треба да се интегрира во ЕУ, секако штом се исполнат предусловите. Секоја држава треба да има јасен политички сигнал дека ЕУ членството е тука за нив штом се завршат сите реформи, рече хрватската министерката.

Алтернативниот шеф на грчката дипломатија го повтори ставот дека „Грција го поддржува проширувањето на Европската унија со Балканот и работи за Европа да стане посилна”.

Варвициотис на Метелко-Згомбиќ ѝ посака успех во преземањето на претседателството, рече дека Хрватска ќе има тешка агендата во клучни прашања, „како за завршувањето на преговорите за повеќегодишната финансиска рамка, така и за проширувањето на Европската унија”.

Во однос на хрватското претседателство со ЕУ, Метелко-Згомбиќ ги истакна четирите мотиви на кои ќе работи земјата:на Европа што се развива, ЕУ која се поврзува, Европска унија која заштитува, но исто така и Европа која има влијание.

Нови вести

Косово: ЦИК ќе ја чека одлуката на Врховен суд за гласовите од Србија

Igor

Ѓуриќ: Албанските сепаратисти го официјализираа апратхејдот во Косово

Igor

Лимај: Коалицијата Нисма – АКР ќе има шест пратеници во косовското Собрание

Igor