October 22, 2021 12:53
Балкан

Варвициотис: ЕУ да биде доследна и кредибилна во обврските кон Западен Балкан

Потребата, Европската Унија да биде доследна и кредибилна во обврските за Западен Балкан и подготвеност Грција да преземе конструктивна улога во интегративниот процес на регионот, изрази алтернативниот шеф на грчката дипломатија Милтиадис Варвициотис на средба со европскиот комесар за проширување и соседство Оливер Вархеји, соопшти грчкото Министерство за надворешни работи.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Варвициотис уште еднаш ја повторил цврстата поддршка на Грција за проширувањето на ЕУ со земјите од регионот, а го информирал еврокомесарот Вархеји и за иницијативата од минатата среда во Солун, кога Западен Балкан беше вклучен во дијалогот за иднината на Европа.

Според Кабинетот на Варвициотис, Вархеји изјавил дека е особено задоволен од грчката иницијатива и ја поздравил активната улога на Грција во промоцијата на европската идеја на Балканот.

– На комесарот Вархеји денеска му потенцирав дека Грција цврсто ја поддржува ЕУ перспективата на Западен Балкан. ЕУ треба да биде доследна и кредибилна кон нив. Ќе продолжиме, на нашите соседи да им ја промовираме европската идеја, бидејќи ЕУ е посилна кога е обединета, напиша Варвициотис на неговиот официјален Твитер профил.

Еврокомесарот за проширување и соседство, исто така на Твитер му се заблагодари на алтернативниот шеф на грчката дипломатија, за како што нашиша, добрата дискусија и додаде дека ќе работат заедно на нивните приоритети.

Website https://animedao.nl: Watch Wan Jie Shen Zhu 3rd Season animedao Episode 56 tower of god animedao

Website https://gogoanime.be: Watch Queen's Blade: Beautiful Warriors (Dub) gogoanime Episode 6 watch anime

AnimeBee: Snow White with the Red Hair 2 (Dub) anime episode 12 online free at https://animebee.to watch anime

TwistMoe: K: Missing Kings (Dub) anime episode Full online free at https://twistmoe.net anime online

Cuchi hochiminhcity: http://www.cuchi.hochiminhcity.gov.vn/Lists/Hoi_Dap_DB/DispForm.aspx?ID=2335

Metal-archives: https://www.metal-archives.com/users/kissanimemx