November 26, 2020 04:18
Спорт

Ван Дајк нема да игра до следната сезона?

Повредата на Вирџил ван Дајк се покажа уште покомплицирана од веќе тешката дијагноза на искинати лигаменти на десното колено.

Првичните предвидувања беа дека Холанѓанецот може да се врати на крајот од оваа сезона, но Дејвид Орнштајн од „Атлетик” тврди поинаку.

Според новинарот, централниот дефанзивец на Ливерпул нема да се врати во игра пред почетокот на следната сезона.

Холанѓанецот наскоро ќе мора да биде опериран, иако сè уште нема одреден датум за операцијата.

– Мојата информација е дека повредата на десното колено на Ван Дајк е можеби дури и полоша отколку што првично се мислеше и се протега надвор од предниот лигамент. Тоа би значело дека нема да го гледаме Ван Дајк на теренот до следната сезона, прокоментира Орнштајн.