December 2, 2022 11:00
Спорт

Ван Гал по третпат се враќа на селекторската клупа кај Холандија

Пензионираниот холандски фудбалски стратег Луј Ван Гал по трет пат ќе седне на клупата на репрезентацијата на својата земја и ќе ги предводи „лалињата“ во продолжение од квалифиациите за пласман на СП 2022 година, пишува „Де Телеграф“.

Ван Гал на клупата кај Холандија ќе го наследи Франк де Бур кој си даде оставка по настапите на неодамна завршеното ЕП каде Холандија беше елиминирана во првата нокаут-фаза, осминафиналето од Чешка (0:2), откако ја мина групата со три победи.

Ван Гал прв пат ја предводеше репрезентацијата на Холандија од 2000 до 2002 година, потоа од 2012 до 2014 година. Најголем успех му е освоеното трето место на СП во Бразил 2014 година.

Последниот тренерски ангажман искусниот 64-годишен стратег го имаше во Манчестер јунајтед од каде си замина во 2016 година по што одлучи да се пензионира. Во својата богата тренерска кариера ги има предводено Ајакс, Барселона, АЗ Алкмар и Баерн Минхен.