September 23, 2019 18:22
Спорт

Валенсија го отпушти тренерот

Тренерот на Валенсија, Марселино Гарсија Торал беше отпуштен од работа.

Причината за разделбата не е соопштена, но според шпанскиот печат, одлуката е на претседателот на клубот, Питер Лим, поради конфликт меѓу двајцата и мешање на сопственикот во спортските и техничките работи на клубот.

Марселињо беше на чело на Валенсија од 2017 година, откако двапати ги рангираше „лилјаците” во Лигата на шампионите, а го освои и Купот на Шпанија минатата сезона.

Поранешниот тренер на младинската репрезентација на Шпанија, Алберт Селадес, се очекува да ја предводи Валенсија.

Нови вести

Влезниците за фудбалскиот меч со Словенија во продажба по цена од 50 до 200 денари

Igor

Дибиров: Не смееме да го потцениме Нексе

zane

Берлускони: Милан ме разочара

Valentina