August 15, 2022 17:55
Спорт

Валверде се врати на клупата на Атлетик Билбао

Третпат во својата тренерска кариера шпанскиот стратег Ернесто Валверде седнува на клупата на Атлетик Билбао, објавија денеска шпанските медиуми.

Назначувањето на Валверде доаѓа по претседателските избори во баскискиот клуб на кои победи Јон Уријарте.

Валверде беше негов главен кандидат за нов тренер и наскоро треба официјално да биде промовиран во шеф на стручниот штаб на шпанскиот прволигаш од Билбао.

Валверде ја почна својата тренерска кариера во Атлетик како помошник во сезоната 2001/02, а две години подоцна беше назначен за шеф на стручниот штаб.

По ангажманите во Еспањол, Олимпијакос, Виљареал и Валенсија, во 2013 година Валверде се врати во Атлетик и седеше на клупата во следните четири години.

Потоа дојде повик од Барселона, кој Валверде не можеше да го одбие, и остана во каталонскиот клуб до 2020 година. Барселона е негов последен ангажман.

sunwin tài xỉu sunwin tài xỉu sunwin apk

sunwin web sunwin web tải sunwin

game bài sunwin sunwin tài xỉu sunwin tài xỉu

sun win

tải sunwin