December 1, 2022 19:20
Свет

Валас: Никакви закани и пропаганда не можат да го скријат фактот дека Украина победува

Никакви закани и пропаганда не можат да го скријат фактот дека Украина победува, изјави британскиот министер за одбрана Бен Валас, кој смета дека изјавите на Владимир Путин утринава се признание дека неговиот план во Украина пропаѓа.

– Тој и неговиот министер за одбрана испратија во смрт десетици илјади нивни лошо опремени и лошо водени граѓани. Ниту една пропаганда не може да го скрие фактот дека Украина победува во оваа војна, дека меѓународната заедница е обединета, додаде тој.