June 28, 2022 02:30
Свет

Валас: Загриженоста на Турција за Шведска и Финска може да се реши

Британскиот министер за одбрана Бен Валас денеска изјави дека верува оти постои начин да се реши загриженоста на Турција во врска со приемот на Шведска и Финска во НАТО.

– Мислам дека постои начин. Мислам дека ќе дојдеме до тоа на крајот и многу е важно да ги слушаме сите членови и нивните грижи во процесот. Ние секако ќе ја сослушаме Турција, рече Валас во говорот во британскиот парламент.

Тој додаде дека за тоа ќе разговара со турскиот министер за одбрана.

Претходно денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Анкара им кажала на своите сојузници дека ќе даде негативен одговор на прашањето за членството на Шведска и Финска во НАТО.

Тој ги обвини двете земји дека кријат и финансираат „терористи”, како и дека ги снабдуваат со оружје, зборувајќи за милитантната Курдската работничка партија (ПКК) и сириската курдска милиција (ИПГ), за кои тврди дека се тесно поврзани.

– НАТО е безбедносен сојуз и не можеме да прифатиме во него да има терористи, рече Ердоган.

go88 có hợp pháp không auto go88 go88 mod apk

SUNWIN - Game bài đổi thưởng trực tuyến uy tín top 1 Sun Win sunwin ăn sunwin 247. club