November 24, 2020 14:32
Свет

Вакцинацијата чини 6-7 долари за лице, Индија издвои 7 милијарди долари за заштита на населението

Владата на Индија издвои околу 500 милијарди рупии (7 милијарди долари) за вакцинирање на втората по големина нација во светот, дознава „Блумберг“.

Парите издвоени досега се за фискалната година што завршува на 31 март и нема да има недостиг на дополнителни средства за таа намена, додаде изворот на „Блумберг“.

Според таа пресметка, во Индија се проценува дека се потребни две дози вакцина за лице по цена од два долара за доза, како и 2-3 долари издвоени за трошоци како складирање и транспорт.

Иако властите проценуваат дека врвот на епидемијата поминал и дека нејзиното ширење може да се запре до февруари, националната економија претрпе огромен удар и Моди беше принуден да ја отвори економијата.

Почнувајќи од следниот викенд, во Индија ќе се одржат неколку традиционални фестивали, што може да доведе до остар скок на бројот на дневни инфекции со коронавирус, додава
агенцијата.