Вакцинацијата во Србија на првите 1.000 граѓани кои се пријавија доброволно преку порталот е-управа, а имаат над 75 години, ќе започне утре.
Веста ја потврди и министерката за труд, вработување, социјала и ветерани, Дарија Кисиќ – Тепавчевиќ, која рече дека старосниот критериум одлучил кој ќе биде приоритет.
„Во прашање се луѓе постари од 75 години кои изразија интерес за вакцината. Ќе бидат вакцинирани граѓани низ цела Србија“, рече Кисиќ – Тепавчевиќ.
Таа додаде дека во наредните денови ќе се утврди динамиката на вакцинација на другите граѓани кои аплицирале за вакцината преку порталот.