June 25, 2022 17:36
Свет

Бeрбок: Во наредните денови договор за шестиот пакет санкции против Русија

На Европската Унија ќе ѝ требаат уште неколку дена за да постигне договор во врска со шестиот пакет санкции против Русија, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

„Како Германци, знаеме дека ова не е лесен чекор. Одредени прашања допрва треба да се решат, а тоа нема да се случи денеска“, изјави таа за новинарите пред министерскиот состанок на ЕУ во Брисел.

Бербок рече дека, сепак, е убедена дека ќе се постигне договор во наредните денови.

„Убеден сум дека ќе успееме да го постигнеме шестиот пакет санкции во наредните денови“, изјави за новинарите австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг.

Како што наведе тој, сè уште постои одредена потреба да се разговара за овој пакет санкции, кој вклучува ембарго за увоз на руска нафта, јавуваат медиумите во регионот.

И министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн смета дека ЕУ ќе воведе шести пакет санкции кон Русија, но смета дека ќе биде потребно повеќе време за да се постигне договор.

„Навистина нема оправдување да не се усвои пакетот“, им рече Аселборн на новинарите.

На 4 мај Европската комисија предложи следната рунда санкции да вклучи етапна забрана за увоз на руска нафта, што, доколку биде одобрено, ќе биде најтешкиот потег против енергетскиот сектор на Русија досега, анализираат медиумите.

Руската нафта учествува со 25 отсто од вкупниот увоз на нафта во ЕУ и е главен извор на приходи на Кремљ, но нивото на зависност варира од државата.

https://go88.gg/

sunwin lừa đảo