January 26, 2021 09:45
Македонија

Буџетот за образованието насочен кон реформи, двојно повеќе од лани за капитални инвестиции

Буџетот на Министерството за образование и наука предложен за 2021 година е 23 милијарди и 100 милиони денари и е 1,1 милијарда денари поголем од минатогодишниот.  Најголем дел односно над 90 отсто се наменети директно за граѓаните односно за подобрување на условите за настава и за подобар образовен систем.  Околу 1 милијарда денари се планирани за капитални инвестиции со кои поквалитетен образовен процес ќе имаат околу 100 000 ученици и студенти и наставниот кадар.

На презентацијата на буџетот за МОН, министерката за образование и наука Мила Царовска соопшти дека средствата за капитални инвестиции, кои се  2,5 пати повеќе од лани, се за изградба на спортски сали и за продолжување на реконструкцијата на основни и средни училишта, студентски домови и на јавни установи за високо образование. Пристапноста на објектот за лица со попречености првпат ќе биде главен услов за да се поддржи некој проект на Конкурот на МОН за капитални инвестиции.

Предвидена е и целосна адаптација на три регионални центри за стручно образование (ВЕТ-центри) во Охрид, Куманово и Тетово, со кои, како што рече Царовска, стручното образование ќе добие нова димензија, а младите ќе се поттикнуваат да стекнат вештини потребни на пазарот на трудот.

Покрај инфрастрктурните инвестиции, ќе се работи интензивно и на суштински реформи во основното и средното образование, се развива целосно нов концепт на наставни програми и материјали со кои, како што рече, ги напуштаме традиционалните начини на фактографско учење и преминуваме во образование кое создава граѓани што размислуваат критички и донесуваат заклучоци врз основа на докази и факти.

Првпат во буџетот на МОН се обезбедуваат 54 милиони денари за ангажирање образовни асистенти. За стипендии за  ученици и студенти се наменети 900 милиони денари, а исто така и за бесплатен студентски оброк, со што ќе се подобри стандардот на околу 50 000 млади луѓе.

Притоа министерката соопшти дека од декември ќе има нова динамика во исплатата на стиепендиите за ученици и студенти и тие ќе се исплаќаат секој месец. Од оваа година, рече, се дигитализира и процесот за добивање стипендии и нострификација, со што процедурите се олеснуваат и се потранспарентни.

За мотивирање на наставниците се зголемуваат блок-дотациите за основно и средно образование и се обезбедени дополнителни 122 милиона денари. На тој начин навремено ќе им се исплаќаат платите и прекувремената работа, како и средства за хигиенски средства и за опремата потребна за онлајн-наставата.

Се воведува и кариерен развој за наставниците за вреднување на нивниот труд, а во буџетот се планирани средства и за исплата на минат трид во високото образивание што, рече Царовска, е законска обврска која со години не се реализирала.

– За 2021 година креиравме буџет според реалните потреби на образованието, насочен кон сериозни инвестиции во подобри услови за сите ученици и за создавање места кои ќе станат вистински втор дом за секое дете и секој млад човек. Градиме образование кое е инклузивно. Буџетот јасно ги одразува заложбите на Министерството за образование и наука и приоритетите на Владата. Наша основна цел е да создадеме образование кое ќе му овозможи на секое дете да го достигне својот полн потенцијал, рече министерката Царовска на презентацијата на Предлог-буџетот за образованието за 2021 година.

Watch Cells at Work! Episode Full at Crunchyroll free crunchyroll premium 2020

Hunter x Hunter Episode 148 at ANIMEFLIX animeflix legal